Продавачот на почетокот збунето го погледна, но набрзо сфати за што зборува.

Барем еднаш во животот секој од нас се има случено да биде во странство и не можеме да се сетиме како да кажеме одреден збор на тој јазик.

Токму тоа му се случи на еден Србин во Германија кој решил пред камера да го сними своето искуство, но и одличното справување со навидум тешка ситуација.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео од германски супермаркет на кое се гледа сета снаодливост на луѓето од нашите простори.

Како што може да се слушне на видеото, човекот дошол да купи пилешко , но има еден проблем – не знае да каже пилешко на германски. Сепак, тоа не го спречи на крајот да го најде она што му треба.

Како што може да се види на видеото, човекот се приближува до полицата каде што се јајцата и го прашува продавачот каде се мајчините јајца.

Продавачот на почетокот збунето го погледнал, но набрзо сфатил за што зборува и го упатил кон делот од пазарот каде што е пилешкото.

Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото ТУКА!