„Тоа дете е светлината на мојот живот“: Дедото ЈАУК (63) за внукот би го поминал цел свет – снаата му го уништи животот

Тој објасни дека неговиот син се скарал со сопругата и дека тогаш почнале сите проблеми

Еден дедо (64) се пожалил на интернет и раскажал каков проблем има. Ако се земе предвид дека во детството врската помеѓу внуците и дедовците е можеби и најсилна, ќе ни стане јасно колку тој останал вознемирен.

Имено, суштината на неговиот проблем лежи во односот на неговата снаа.

– Мајката на мојата внука ми забрани да ја гледам, а тешко е да се каже дека сум без памет. Тоа дете е светлината на мојот живот и не можам да поднесам да не ја гледам како расте.

Јас сум вдовец, имам 64 години, а мојот син (35) има ќерка, која сега има пет години, со поранешната сопруга.

Секој месец таа остануваше со мене по цел еден викенд. Имам дури и спална соба за неа, со играчки и книги – рече и објасни што се случи потоа, па се се сврте:

– Неодамна син ми и неговата поранешна сопруга се скараа, а таа потоа рече дека јас и тој повеќе не можеме да ја гледаме неговата ќерка, мојата внука.

Мислам дека таа се обидува да не избрише мене и мојот син од нејзиниот живот. Таа има нов партнер и повторно е бремена. Ние имаме судски налог, но што да правиме?

Моето срце е скршено. Се плашам дека внуката ќе ме заборави и многу ми недостига – заклучил тој.

И како би го советувале? Пишете ни во коментари.