Откако косовската полиција уапси три лица осомничени за физичко насилство врз постара баба и им одреди 48 часовен притвор, на Инстаграм се појави емотивна снимка од ќерка како ја вади мајка си од пензионерскиот дом во Пеќ и ја бакнува во глава. .

На објавеното видео се гледа како ќерката ја вади мајка си од пензионерскиот дом во Печ каде несреќната старица била жртва на малтретирање на медицински сестри.

Да потсетиме, две лица, работници во Домот за стари лица во Печ, се уапсени поради видео кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како малтретираат постара жена. Третото лице, кое беше уапсено во текот на денот, е осомничено за „неовластено фотографирање или снимање“.

Видеото погледнете го ТУКА