Астролозите се согласуваат дека ретроградниот Марс е многу потежок и попредизвикувачки астро период од претходниот ретрограден Меркур.

Во недела до 19 ноември, пари ќе имаат Стрелците, Скорпиите, Биковите и Овните.

СТРЕЛЕЦ
Венера влегува во вашиот знак, па пристигнуваат вредни подароци. Дополнително, ве очекува деловна понуда која ќе ви донесе дополнителни приходи. Едно е сигурно, одредени луѓе ќе ве задоволат со некои модни детали, а од друга страна ќе успеете да заработите преку договорна работа.

ОВЕН
Венера и Меркур влегуваат во Стрелец, па конечно ќе закрепнете финансиски. Одличен период за игри на среќа, па може да очекувате победа. Исто така, ова е време кога можете да заработите пари од нешто што досега ви беше хоби.

СКОРПИЈА
Ретроградниот Јупитер ви носи пари кои требаше да пристигнат одамна, но се одложени. Исто така, Јупитер во Риби ви носи можност да заработите од креативна работа. Ако се занимавате со гостопримство, периодот е добар.

БИК
Венера влегува во Стрелец, па ви носи добар период за решавање на наследните прашања. Тоа може да биде и можност за спонзорство за деловен проект. Ретроградниот Марс во втората куќа ве предупредува да бидете внимателни со инвестициите.