




Новко Младеновски живее живот во темнина. Го губи видот пред 17 години, иако и пред тоа живеел мачно. Во Старо Нагоричане создава семејество, но поради оддалеченоста од градот, a со надеж дека ќе има барем малку полесен живот, пред неколку години се сели во Горно Којнаре.




Тука живее под кирија, па од социјалната помош и мобилноста мора покрај другото да мисли и како ќе ги подмири тие обврски.




Сите пет деца му се со ментална попреченост и слабовидни. Најголемата Ангелина и покрај тоа се грижи за нив. Сопругата му е тешко болна и немоќна, a помалите две деца мораат да се навикнат на ваквата сиромаштија и да се молат во најблиската продавница за кифла за да го поминат денот на училиште.




Дрва за зимата Новко сеуште нема обезбедено, но искрено се надева дека ќе добие помош од хуманиот народ и ќе обезбеди сигурен кров за поколението. А, потоа вели тој, кога сака Бог нека ме земе..




Целата сторија ќе можете да ја погледнете во најновата епизода на емисијата СрцеНаДланка.
