




Снежана потекнува од село Бз, Паланечко. Со својот болен брат живее во стара куќарка од нивните родители. Болеста кај двајцата си го зема данокот вели таа, а данокот се лошите услови за живот со кои секојдневно мора да се бори ова семејство.




Живеат со минимални 5000 денари доволни за неколку денови во месецот. Недоволни ниту за лекарствата кои не смеат да ги прескокнат долколку сакаат да живеат, ниту за да се прехранат триесет дена, ниту да повикаат
мајстор да го санираат нивниот стар дом.




Затоа, на ова семејство постојан пријател им се ванглите со кои ја собираат дождовницата за да не ги поплави, а, хоророт е најприсутен во зима кога се плашат и да не бидат затрупани.




Целата сторија ќе можете да ја погледнете во најновата епизода на емисијата СрцеНаДланка, недела 15 45 часот на АлфаТВ
