Eдно утро жената ја разбудила врева од дневната соба. Се изненадила кога го видела сопругот бидејќи не го очекувала кога синоќа бил уште далеку на пат со камионот. 

„Овој пат не ги донесов, само дојдов да разговараме. – одговорил сопругот.

Жената била малку шокирана бидејќи последниот пат кога се виделе, пред нејзиниот сопруг да замине на пат, се скарале страшно и со денови не се слушнале ниту збор. 

„За што сака да зборува сега? – помисли жената. 

„Дојдов да ти кажам дека ми е многу жал за сите наши бесмислени кавги, глупави тепачки и груби зборови при нашата последна разделба и сакам да знаеш дека многу те сакам. Во последните денови сакав да те наречам илјада пати, но гордоста и инаетот беа посилни од желбите. Сакам да ми простиш“. – вели сопругот. 

Жената била пријатно изненадена од зборовите на нејзиниот сопруг и била привлечена кон него. 

„Сакам да знаеш дека и јас те сакам многу, дека се гордеам со тебе и те молам да ми простиш ако никогаш не сум покажал разбирање или можеби поради моите зборови или однесување си се чувствувал лошо. – одговорила жената. 

„Ти и децата сте најважните работи во мојот живот и без разлика што и да се случи, јас секогаш ќе бидам со вас. Морам да почнам од почеток, но овој пат ќе биде многу долг“. рече сопругот и тивко ја бакна сопругата. 

Во тој момент заѕвони телефонот. 

„Добро утро. Госпоѓо, за жал мораме да ви соопштиме една тажна вест. Вашиот сопруг загина во сообраќајна несреќа рано утринава“. – вели гласот од другата страна на телефонот.

„Тоа е недоразбирање бидејќи мојот сопруг е дома. Само што разговарав со него. Сигурно сте добиле погрешен број“. – вели жената и ја спушта слушалката. 

Таа се сврте, ја пребара целата куќа, го бараше сопругот во секоја соба, но нејзиниот сопруг никаде го немаше. Чувствуваше огромна болка во душата, а студот и го обзеде целото тело. Срцето и се скрши и падна на колена од болка и тага. Плачела сред дневна соба и сфатила дека нејзиниот сопруг сепак не дошол дома. 

Она што изгледаше толку реално беше само визија и повикот не беше погрешен. Само душата на нејзиниот сопруг се збогуваше со неа. 

Сакајте се додека има време, бидејќи еден ден времето ќе истече. Никогаш не оставајте да бидете лути на патот, бидејќи никој никогаш не знае кога тој пат е последен. Сакајте се и почитувајте се како секој ден да е последен. Прегрнете ги и бакнувајте ги саканите, затоа што еднаш веќе нема да можете да го направите тоа.

СПОДЕЛЕТЕ ЈА ОВАА ТАЖНА ПРИКАЗНА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ЗА ДА УПАТИТЕ ПОРАКА ДА СЕ САКААТ И ПОЧИТУВААТ МЕЃУ СЕБЕ!

Извор: Фејсбук