Фотографијата што ја сподели крајбрежната стража ги прикажува како седат на чело на брод со малтешко знаме

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила тројца мигранти кои се сокриле на кормилото на танкер кој пристигнал на Канарските острови оваа недела.

Тројцата биле пронајдени на танкерот за нафта и хемиски производи „Алитини II“ кога пристигнал во Лас Палмас во понеделникот по 11-дневно патување од Лагос, Нигерија, пишува Sky News.

Фотографијата што ја сподели крајбрежната стража ги покажува како седат на чело на брод под знаме на Малта, веднаш над површината на водата.