Минатиот викенд на социјалните мрежи во Латинска Америка стана вирална снимка од лута жена која се прилепува за колата на нејзиниот сопруг додека тој се обидува да побегне со својата „љубовница“.




Општиот хаос на сред улица со силни звуци, навивање на минувачите и драма, додека љубоморната сопруга цврсто се држела за подвижната „тојота“, се снимени, како што се претпоставува, некаде во колумбискиот регион на Атлантико на северот на земјата.
На видеото кое неколкупати е објавено на неколку мрежи, се гледа како жената „се стемнува пред очи“ кога забележала дека друга жена е на задното седиште. Таа трча, го запира сообраќајот, се качува во пикапот и почнува да вика да се отвори вратата.




Ова го привлекува вниманието на минувачите и другите возачи кои брзо се собраа, а некои од нив дури и ја охрабрија да се соочи со сопругот. Како што пренесува порталот La Calle Blue Radio, бесната сопруга цело време го пцуела својот сопруг, а таа не се откажала ниту кога тој стапнал на гас во обид да избега, туку останала да се држи за возилото во движење.




– Ќе те научам да ме почитуваш – извикала љубоморната жена додека нејзиниот сопруг со обесена на вратата се движел кон раскрсницата, а го следеле неколку мотоциклисти и велосипедисти кои свиреле.




Во еден момент „лутата толпа“ го натерала да застане, а како што пишува споменатиот портал, тој конечно и ја отворил вратата на разбеснетата жена. Иако тоа не се покажува добро на видеото, според оваа верзија на настаните, таа потоа влегла внатре да се пресмета со „љубовникот“.




На крајот, сопругот, наводно фатен во измама, се оддалечил со две жени на задното седиште, кои не биле во најдобри односи, пренесува Еспресо.
