Аргентина успеа да го освои Светското првенство кое годинава се играше во Катар, откако во финалето ја совлада Франција.




Меси одигра многу важна улога во освојувањето на Светското првенство, особено во ова финале каде одигра навистина феноменално.
Меси постигна два гола, еден од пенал, а потоа и гол во продолжението за ново водство на Аргентина на овој натпревар.




Беше сигурен и во пенал рулетот, а на крајот успеа да ги оствари детските соништа и да го освои Светското првенство.
Тој успеа да го постигне тоа на неговиот последен натпревар кога е Светското првенство во прашање и тоа е навистина феноменален крај за него.
По натпреварот играчите славеа, а се чекаше официјалното доделување на наградите и затворањето на Светското првенство.




Меси среќно шеташе низ теренот чекајќи конечно да го земе во раце пехарот на светскиот шампион, а потоа се случи големо изненадување.
Имено, една госпоѓа му пришла одзади, а Меси бил многу изненаден, а потоа сфатил за кого се работи.




Токму мајката на Лео Меси дојде да го прослави со него голем успех и остварување на неговите детски соништа.
Целото ВИДЕО можете да го видите ТУКА .
