Кога се породив најмногу го мразев сопругот, а потоа и малото детиште кое го родив. Се породив пред 10 месеци и ми се прошири 11 цм, после тоа примав системи бидејќи бев тотално исцрпена, ПЕКОЛ ОД ЖИВОТОТ.

Секој што поминал знае за што зборувам. Воопшто не се срамам да кажам дека кога го видов син ми за прв пат, не чувствував ништо за него, ништо друго освен ОМРАЗА.

Тоа мало детиште, кое ми предизвика толку многу маки и болки, само неколку дена по породувањето, почнав да го гледам со други очи, очите на мајката, љубовта што ја чувствував и што ја чувствувам сега, кога заборавив на болка што ја преживеав за време на породувањето, со зборови не можам да опишам.

Единствениот начин да покажам колку го сакам е ако треба да го дадам животот за него, би го дала без второ размислување.

Дали се сложувате со ОВАА НОВОПЕЧЕНА МАЈКА ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!