




Премиерот Димитар Ковачевски објави дека обавил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој се разговарало, како што се вели во соопштеноето, за можноста за прекин на војната и за неговата посета во Украина.




„Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта.




Во разговорот особен фокус ставивме на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната.




Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина“, објави владината прес-служба.
