Родителите за прв пат ја однеле својата ќерка на море, но дури подоцна забележале дека можеби се во голема опасност

Семејство од Австралија многу се исплашило кога забележале морничав детал во позадината на нивната фотографија на плажа.

Тие се фотографирани покрај морето во Мелбурн, а тато и ќерката може да се видат како мавтаат кон камерата. Но, кога се вратиле дома, забележале застрашувачка форма во водата веднаш зад нив, за која се верува дека е перка од ајкула.

Фотографијата е направена во неделата на плажата Карум, а истиот ден е пријавена појава на ајкула во соседниот залив.

„Вчера објавивме дека е забележана ајкула, недалеку од плажата, помеѓу Бонбич и Челзи. Подоцна добивме порака од семејство кое ја следи нашата страница, кое беше на плажата Карум порано наутро.

На нивното малечко тоа било прва посета на плажа, а сопругата направила неколку фотографии за да го сними денот. Подоцна, кога дојдоа дома, и ги погледнаа сликите, забележаа нешто во плитката вода, веднаш зад нив, дали е ова наша ајкула? – стои во објавата на спасувачката служба „СЕС Челзи“ на Фејсбук.

Корисниците на Фејсбук беа поделени околу тоа дали навистина се работи за ајкула или не.

– Не можеше да биде големо, со оглед на големината на кучето и длабочината на водата – напиша некој во коментарите.

„Изгледа малку плитко за ајкула која би имала перки со таква големина, судејќи според тоа каде стојат кучето и момчето од левата страна“, додаде друго лице.

– Зарем другите зад нив не би го забележал тоа? – праша некој.