Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер.

Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се искачи до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.

Во овие моменти снег врне на повисоките места во земјава, а меѓу нив се и во ски центрите на Попова Шапка и Маврово.

Според видео камерите на „Skimacedonia“ во овие моменти се гледа дека снег врне на Попова Шапка, како и Маврово.

Снег има и во повисоките делови на Нижополе на Пелистер.

Метеоролозите најавуваат нови врнежи на снег во текот на целата оваа недела, а со тоа и снежната покривка ќе се зголеми.

Во ридско-планинските предели има предупредување за врнежи од снег за следната недела. Се предвидува формирање и зголемување на висината на снежната покривка за 15 до 40 см, особено на планините.