Споделуваме ФБ статус од Градноначалникот на Карпош.

Многу чудна, интересна и несекојдневна случка ми се случи денес попладне. Сакам да ја споделам со моите пријатели тука на Facebook.

Патував до село Подржи Коњ и застанав до банкомат да извадам пари во Крива Паланка.

Кога завршив работа на банкоматот, ми пријде едно момче Кристијан со својата сопруга да ме поздрави. Замислете, само черири саати по потпишувањето на меморандумот за збратимувањето со Општина Л-Исла, Кристијан ми пријде да ми каже дека тој живее таму во истата општина и дека се венчал со својата сопруга која родум е точно од Л-Исла во Малта.

Голема чест ми направија што ме поканија да ги посетам кога ќе одам во посета на Л-Исла во Малта. Животот е полн со случајности – некогаш малечки, некогаш големи, а некогаш извонредни кои го тераат човек да остане изненаден од нив.