Денеска Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако славеше против Андреј Рубљев со 3:0 (6:1, 6:2, 6:4).

По мечот, Новак одржа говор, а особено емотивно беше кога реши да го прекине говорот, за да им се обрати на посебните личности во неговиот живот.

Најпрво тој му го честиташе роденденот на својот физичар Миљан Амановиќ, а потоа и се обрати на мајка си Дијана, чиј роденден беше на 24 јануари.

Новак и го честиташе роденденот на мајка си јавно пред сите, и кажа дека ја сака и и го испрати срцето од теренот.

После тоа, цела Род Лејвер Арена почна да и пее среќна роденденска песна, која ја воодушеви Дијана, таа не можеше да ја сокрие среќата, па дури и солзите.