Корисничката на TikTok, Пејтон Видмар, објави видео од нејзиниот сопруг како спие, иако и покрај неговото ‘рчење, тоа не изгледа така, со оглед на тоа што неговите очи се отворени. Пејтон признава дека се плаши секогаш кога ќе го види во ваква состојба.

Во видеото кое моментално има над 37 милиони прегледи, сопругот на Пејтон спие со широко отворени очи. Таа го снимила својот сопруг, а иако на видеото се смее, на крајот од видеото признала дека е згрозена секогаш кога тоа ќе се случи.

Некои корисници на Интернет беа шокирани од овој начин на спиење. „Би плачел“, коментирал еден од нив.

Други тоа го третираа како шега. „Изгледа ќе ви каже некои добри озборувања“, напишал еден корисник.

Имаше и коментари кои укажуваа дека некои жени се соочуваат со сличен проблем. “Мојот сопруг го има истото. Кога првпат почнавме да излегуваме, тој ништо не ми рече. Првиот пат кога ги видов неговите очи широко отворени ноќе, помислив дека е мртов”, напишала жената.

@paytonvidmar

Please ignore my laugh I’ve been sick. #husbandwife #husbandsoftiktok #sleepyhead #freakthefreakout #scary

♬ original sound – Payton Vidmar