Метеорологот најави какво време не очекува до крајот на февруари и најави дека во ноќта меѓу петок и сабота над нашата земја ќе се движи облачност која на места ќе биде придружена со краткотраен дожд.

Во сабота во текот на претпладневните часови низ нашата држава ќе се разведри времето, па во поголемиот дел од денот ќе биде осветлен и сончев. Ќе дува слаб и умерен западен ветер. Минималните температури од 2°C до 7°C, а максималните од 14°C до 20°C. Ова ќе биде еден од најжешките денови до крајот на февруари – рече и додаде:

– Во недела ќе биде умерено облачно и релативно топло време. Во вечерните часови од север ќе пристигне засилена облачност со врнежи од дожд, а на високите планини од снег, засилен северозападен ветер и помал пад на температурата. Очекуваните минимални температури ќе бидат од 3-6°C, а максималните дневни температури од 14°C до 18°C.

Метеорологот соопшти и дека во понеделник ќе биде претежно облачно и малку посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на високите планини со лапавица и снег.

– Престанок на врнежите е можен најпрво на север во утринските часови, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. Ќе дува слаб и умерен северозападен ветер. Највисоката дневна температура ќе биде во благо опаѓање и ќе се движи од 8°C до 12°C. Од вторник 21 февруари до 24 февруари повторно ќе се стабилизира времето со промена на сонце и облачност и пораст на највисоките дневни температури кои повторно ќе се движат од 14°C до 18°C. Ќе дува слаб и умерен јужен ветер:

– Од следната сабота ќе има променлив период со почести врнежи, дожд во пониските предели, а во планинските предели со лапавица и снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата постепено ќе се намалува, а кон крајот на февруари највисоката дневна вредност ќе има вредност од 5°C до 10°C.