Црквата и верниците денеска празнуваат празник посветен на Светиот великомаченик Теодор Стратилат, светец од IV век, за кој пишувал и владиката Николај Велимировиќ.




Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода и градоначалник на градот Ираклиј во моментот кога решил да го остави сето свое богатство и моќ и да стане христијанин, иако знаел дека тоа ќе го чини живот.




Откако ги соборил многубожечките идоли во својот роден град, го навлекол гневот на царот Ликиниј, кој наредил светителот да биде уапсен и да биде изложен на страшни маки.
После тоа, свети Теодор бил камшикуван, распнат, стрелан со стрели. Во христијанското предание се споменува дека за целото време на мачење постојано велел: „Слава Ти Боже мој, слава Ти!“




Свети Теодор се упокои во 319 година, не чекајќи да ја види победата на христијанството и прогласувањето на официјалната религија на Римската империја. Неговите мошти биле пренесени од Евхаита во Константинопол и погребани во црквата Влахерна.




Епископот Николај Велимировиќ за овој светител во „Охридскиот пролог“ го напишал следново: „Поскапоцено од скапоценото има мачеништво. Вредноста на мачеништвото зависи од големината на богатството што христијанинот го остава, а наместо тоа добива страдање; и зависи и од големината на страдањата што ги претрпел заради Христа“.




Бидејќи и самиот бил војник кој ризикувал сè, Светиот великомаченик Теодор Стратилат денес се смета за заштитник на војниците. Се верува дека ќе ги заштити од секаква неволја доколку му се молат и побараат помош.
