За многумина автомобилот или станот е неостварена желба, цел која изгледа далечна, па се потсетивме на идејата на Новозеланѓанката Чери Хауи, која пред неколку години стана вистински хит на интернет откако го сподели трикот.




Со кој за 3 години заштедила пари за нов стан, а својот „рецепт“ го открила во група на Фејсбук каде многумина изненадила со својот начин на штедење.




Во 2015 година, таа купила нов стан во Окленд, откако заштедила за него само три години.




Мајка ми ме научи како да организирам трошење пари и после три години успеав да купам стан – напишала Чери Хауи.
Чери тврди дека парите што ги заработувате треба да ги поделите на три различни сметки. Првата е сметка за заеднички трошоци како што се комуналии, кирија, превоз, џепарлак итн.




На втората сметка треба да ги префрлите парите што планирате да ги потрошите за одење на фризер, купување облека и обувки, подароци, одење на лекар, додека парите што сакате да ги заштедите треба да ги одвоите на третата сметка, пишува Вечерњи.




Таа вели дека е многу важно да се држиме до овие поделби и да не се троши повеќе од планираното.




– Не паѓајте во искушение да трошите пари од друга сметка за намирници или обратно, важно е да се држите до она што ќе си го поставите“, советува Чери, која објаснува дека на овој начин не мора да штедите за стан, туку за што сака одредена личност, како патување, нов автомобил…




Значи, важно е „само“ да имате доволно голем приход за да можете да издвоите пари на три различни сметки…
