Емотивна снимка.




Повеќе од девет месеци, Дилејн Ивановски од Кирквуд, Мисури чуваше голема тајна од нејзиниот татко, а таа тајна на крајот му го спаси животот.




Дилејни, 25-годишна медицинска сестра во болницата „Мерси“ во Сент Луис, донираше бубрег на нејзиниот татко Џон Ивановски, кој со месеци и кажуваше на својата ќерка дека не сака таа да биде негов донатор.




„Јас и реков, нема да ти го земам бубрегот“. Тоа и го кажав отворено“, изјави Џон Ивановски (60) за ABC News.
По операцијата ја снимиле неговата реакција кога дознал дека сепак тоа го направила неговата ќерка.




Пред две години на Џон Ивановски му беше дијагностицирана ИгА нефропатија, еден вид бубрежна болест која може да доведе до откажување на овие органи.




Оваа болест на крајот доведе до тоа Џон Ивановски да биде на дијализа четири до пет часа, четири дена во неделата, живот што неговата ќерка не го сакаше за него.




„Тој сака да го шета моето куче и да трча со моето куче и сака да ги прави сите тие работи, но сега е на машина“, изјави таа за ABC News.




„Мислам дека никој не треба да живее така“, додаде таа.




Дилејн Ивановски рече дека додека нејзиниот татко бил на дијализа, таа донела одлука да му донира бубрег, и покрај неговото противење.




Во спротивно, може да поминат години додека не се појави соодветен донор. Таа тајно поминала низ повеќемесечниот процес на добивање одобрение да биде донатор и цело време живееле во иста куќа.




Тајната мисија, рече таа, вклучувала десетици телефонски повици до социјални работници, лекари и медицински сестри без знаење на нејзиниот татко, како и подложување на крвна слика и безброј медицински тестови, често во истата клиника со нејзиниот татко.
