Времето се влоши и УХМР најавува невреме. Според прогнозата, денеска под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето ќе биде претежно




облачно со повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километри на час. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 4 до 17 степени.




Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до 16 степени.




И утре ќе има слаб локален дожд, а во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.




Во текот на денот ќе биде пооблачно со врнежи од дожд, врнежи и грмежи.




Ќе дува слаб и умерен ветер од јужен правец.
На планините снежната покривка продолжува да се топи. Заладување од 7 до 10 степени се предвидува за утре кога ќе се засили северозападниот ветер, а поради пад на температурата врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините.




Најстуден ден ќе биде недела со дневна температура од 8 до 12 °C. Слаби утрински мразови се очекуваат и во недела и понеделник.
