Позната водителка Сузана Манчиќ објави дека нејзината сестра починала, а оваа тажна вест ја сподели со пријателите на социјалната мрежа Инстаграм и се прости од саканата со пораката:

– Шоуто мора да продолжи… Знаете ли како изгледа животот за нас кои сме во шоубизнисот? Има фризура, шминка, светки под рефлекторите, се насмевнуваме… Но, за тагата во очите нема шминка. Вчера снимив три емисии, а душата ми плачеше бидејќи знаев дека некој близок и драг засекогаш заминува. Мојата сестра Душица. Амин – објави водителката.

Зборовите на утеха и поддршка не престануваат да пристигнуваат на нејзиниот профил, а водителката е благодарна на сите што се со неа и нејзиното семејство во овој тежок момент.

Сузана беше многу блиска со својата сестра, бидејќи и беше голема поддршка, а целото семејство е неутешно по нејзиното ненадејно заминување.