По неколку топли денови на кои полека се навикнавме, се чини дека зимата целосно не не напушти. Во текот на ноќта се очекува да престанат врнежите. Исто така, на југот од земјава, како и во западните делови е можна појава на дожд, информираат од УХМР.

Ситуацијата нема да биде подобра ниту во наредните денови. Утре претпладне студено, на места со слаб мраз. Во текот на денот на повеќето места ќе биде суво со постепено разведрување, а само на југот и на истокот од земјава на места се очекува снег, а на пониски места дожд.

Четврток претпладне со слаб мраз на места. Во текот на денот ветровито и студено, на северозапад претежно сончево, во останатиот дел од земјава умерено до целосно облачно, на исток и југ на места со слаб снег, а на места дожд.

Во вечерните часови постепен прекин на врнежите, а во централните и југозападните предели постепено разведрување. Најниската температура од -2 до 4 степени, а највисоката од 4 степени на југоисток до 10 степени на северозапад. Од петок не очекува повеќе сонце и потопло време.

Умерено до целосно облачно и суво само претпладне и пред пладне на југот и истокот од земјава. Најниската температура од -3 до 4 степени, а највисоката од 7 до 20 степени.