Превземен ФБ статус:
- Levi Strauss се произведуваше во “Вартекс” од Вараждин.
- Lee Cooper во “Беко” од Белград.
- Wrangler се произведуваше во “Македонка” од Штип.
- Puma се произведуваше во “Борово” од Хрватска.
- Adidas во Планика (Словенија).
- Boss се правеше во Diork (Крагуевац).
- Javor во Ивањица (Србија) произведуваше 20.000 кошули месечно за светски извоз.
- Текстилната фабрика “22.decembar” произведуваше униформи за војската и полицијата.
- “Elan” од Словенија произведуваше скии кои ги возеше светскиот првак Ингемар Стенмарк.
- Tomi мајонез, PEZ и Wrigley мастиките, денешни Орбит се произведуваа во “Kolinska” Словенија.
- “Podravka” од Копривница во Хрватска покриваше 20% од светскиот пазар за зачини, а нивниот говедски гулаш беше дури и во воените пакети на некои светски армии!
- Југословенската “Roland” класа на малини беше најскапата на пазарот, а Југославија беше најголем извозник на малини.
- “Zastava” произведуваше 200.000 автомобили годишно кои 90% беа од делови од домашни кооперанти. Денес “Zastava” e дел од Fiat и го произведува моделот 600L, но процентот на вградени делови е обратен, 90% се од увоз.
- Сараевскиот “TAS” произведуваше годишно 40.000 Wolksvagen Golf
- “IMV Novo Mesto” произведуваше годишно 30.000 Renault возила. Денес таму се произведува исклучиво моделот Twingo.
- “Cimos” произведувше Citroen возила.
- Во Приштина се произведувше Peugеot.
- “IDA” од Кикинда произведуваше годишно 10.000 Opel возила. Во нивните леарници се произведуваше и за Mercedes и BMW.
- “FAP” од Прибој и “TAM” од Марибор произведуваа камиони и шлепери, а Zastava од Крагуевац произведуваше лесни транспортери.
- “Ikarbus” произведуваше автобуси, а “TAM” мини-автобуси.
- “Тomos” од Копер произведувше мопеди и вонбродски мотори. Нивната “penta” во тоа време бил најдобриот мотор во светот.
- Фабриките Lada во Русија и 125pz во Полска ги пуштија во употреба во соработка со Fiat, заставините стручњаци.
- Фаровите на словенечката фабрика “Saturnus” освен што се вградуваа во моделите на Zastava, се вградуваа и во Wolksvagen, Opel, Fiat.
- “FRAD” од Алексинац произведуваше воздушни филтри за Mercedes, Morris, Fiat.
- “HTD” од Охрид произведуваше брави, рачки за авто индустријата (меѓу друго и за целото советско производство).
- Во Приштина се произведуваа амортизери за Zastava, Fiat и Opel.
- Белградскиот “21 Мај” произведуваше мотори.
- Постоеја неколку фабрики за автомобилски гуми и акумулатори (на пример Злетово батерии)
- “Jugoplastika” од Сплит 40% од своето производство го извезуваше на европскиот пазар.
- “Prvomajska” од Загреб произведуваше стругови, бушилици и опремуваше цели погони по светот.
- “IMT” извезуваше 20.000 трактори годишно само за Египет.




32. Бродоградилиштата во Хрватска: “Uljanik” во Пула и “3.Maj” во Риека беа на светско ниво и произведуваа за странски партнери најголеми прекуокеански бродови, но од нивните погони излегоа и сите бродови од прочуената Jadrolinija.
- Во “Uljanik” се призведуваа мотори за тие бродови.
- Фабриките “Obod”, “Cer”, “Gorenje”, “Iskra”, “Rudi Čajavec”, произведуваа електрични уреди, телевизори, радиа, грамафони, касети и бела техника, а “Borac” од Белград произведуваше дури и апарати за еспресо.
- “Iskra” во Словенија и “Digitron” во Истра уште кон крајот на 70-тите почнаа да склопуваат компјутери.
- “Охис”, “Хемтекс” – водечки хемиски индустрии во поранешна Југославија,
- “ФАС 11-ти Октомври” една од најперспективните фабрики во Југославија со извоз на автобуси во источна Европа, Азија и Африка,
- “Треска” чиј капитал односно имот 80% беше на територија на бившите југословенски републики
- “МЗТ Скопје” без чии запчаници во преносните системи и менувачи југословенските борбени возила и тенкови немаше да се движат,
- “Руен” од Кочани чии ламели се вградуваа во сите возила,
- фабриката за хартија од Кочани (популарната Целулоза) во чии тетратки сите учевме и пишувавме,
- “Тетекс” од Тетово, гигант чии волнени кебиња се користеа во ЈНА и во сите хотелски капацитети, заедно со оние на “Отекс” од Охрид, …
































