Низ децениското работно искуство, луѓето се среќаваат со широк спектар на ситуации и луѓе. Така, една жена која поминала 35 години од својот живот работејќи како чистачка, последниот ден пред да се пензионира, решила отворено да му каже на својот шеф дека треба да се однесува со своите вработени со поголема почит.




Со овој гест жената, која одлучи да остане анонимна, ја запрепасти британската јавност додека нејзиното писмо стигна до медиумите. Писмото набрзо стана вирален хит на социјалните мрежи.




„Поздрав госпоѓо, утре ќе ми биде последен работен ден. Подготвив материјали за чистење на колегата што ќе ме замени. Заминувам откако шефот се однесуваше со мене агресивно и сурово. Тоа е само одраз на вашиот карактер. Сакам да го запомните ова: Во свет во кој можете да бидете кој било, бидете љубезни“, се вели во писмото, пренесено од Мирор.




Писмото го сподели нејзината ќерка со порака:
„Затоа ја сакам мајка ми. Работела како чистачка 35 години и денес решила да му стави крај на својот ужасен работодавец и на сите да им покаже каква е. Уживајте во пензионирањето“




Над 135 илјади луѓе ја лајкнаа нејзината објава, а многумина споделија свои слични искуства.
„Добро за неа! Татко ми работеше како училишен чувар 30 години и трпеше понижување од другите колеги“, напиша една жена.




„Пораснав во семејство каде што ме учеа дека секоја работа е достојна за почит. Без разлика дали некој е чистач или сопственик на бизнис, сите тие се подеднакво вредни и заслужуваат да се третираат со почит. Добро за мајка ти“, коментира друга жена.
