Доколку сте љубители на пржена риба, а веќе имате подготвен рецепт за деновите што претстојат, еден трик ќе ви помогне да ја направите уште покрцкава, исто толку вкусна, но да не впие ниту капка масло, пишува Радио Сараево.




Тоа е состојка која ќе ја користите за замена на брашното, а која повеќето ја имаат во кујната.
Пченкарниот скроб ќе направи заштитна обвивка околу рибата, ќе биде крцкава и нема да може да впие премногу масло и да биде мрсна.




Исечете ја рибата на парчиња, посолете ја и оставете ја во фрижидер. Ова најдобро се прави еден ден претходно, но може да се направи и неколку часа пред пржење.




Ставете ја смесата во сад, додадете една кафена лажичка сол, а потоа бибер, лук и други зачини по избор. Сè добро соединете.




Во длабок сад сипете го маслото, поголема количина за да „плива“ рибата во него, па добро загрејте го.




Извадете ја рибата од фрижидер, па секое парче убаво извалкајте го во густата смеса и спуштете ја во врелото масло. По потреба неколку пати превртете ја рибата, за да се испржи рамномерно од сите страни.




Послужете ја пржената риба со компири или салата која одлично оди со овој специјалитет.
Пријатно!
