Mојот сопруг планира да замине ако не родам барем уште едно дете. Не бев подготвена ниту за првата непланирана бременост, ми требаше многу време да ја прифатам. Успеав да завршам факултет и да се вработам, а моментално немам сила за уште една.
Едноставно не сум спремна, понекогаш едвај имам трпение со едно дете, не можам да замислам како е со две.
Ако не родам уште едно дете, за него сум себичен човек кој оставил дете само без брат или сестра, а во тој случај излегува од дома затоа што не може да живее со таква личност.
Никогаш не сум рекла експлицитно не на друго дете, можеби за неколку години кога ќе застанам на нозе, но веќе е доцна за него и не сака да чека толку долго. Сега избирам, или да се породам за година-две, или тој да си оди. Тој има 34, а јас 27.
ШТО МИСЛИТЕ НЕЗНАМ ШТО ДА ПРАВАМ!
