Која е правилната реакција кога наставникот ќе ви каже дека вашето дете ги малтретира другите деца на училиште? Повеќето од нас ги принудуваат своите деца јавно да се извинат, но тоа не беше потег на овој самохран татко

Патрик Форсет од наставникот дознал дека неговиот деветгодишен син малтретира момче на училиште. Овој самохран татко тогаш решил на овој начин да го „казни“ својот син.

Прво седнал и разговарал со момчето, каде му објаснил дека тоа што го прави не е во ред, а потоа рекол дека ќе смисли како да ја поправи ситуацијата и ќе му се извини на пријателот.

„Не го замолив да се извини, но му објаснив како се уште има време да ја поправи грешката што ја направи. Не можеме да го вратиме времето назад, но секогаш можеме да се обидеме да ги поправиме работите“, објасни тој во видеото кое има над 800.000 прегледи.

Тогаш неговиот син го направил токму тоа: отишол кај момчето што го повредил и го прашал што му се допаѓа, а кога дознал дека тоа е Покемон, решил да му даде 2 од неговите златни картички од Покемон.

„Само искрен разговор дава резултати. Така ги учиме нашите деца како да ги решаваат проблемите и да ги поправаат грешките“, додаде тато Патрик, чија идеја ги воодушеви коментаторите на социјалните мрежи.