Грција е една од омилените дестинации за туристите, а поради тоа што се ближи сезоната на годишни одмори, сите зборуваат за цените, но и за аранжманите и основните намирници.

Така туристите од соседна Србија кои веќе се нашле во некои од популарните дестинации во Грција, наголемо споделуваат и ги коментираат цените на социјалните мрежи.
Сега на ред дошла и Лептокарија, а со објава на фотографии од цените од една плажа во Фејсбук групата „Грчка инфо“, туристите од Србија напишале дека цените не се ништо повисоки и се целосно коректни, во однос на претходната година.

Така нескафе е 3 евра, капучино 3,5 евра, еспресо и грчко кафе 2 евра, додека пиво 0,3 литри е 3 евра, а 0,5 литри е 4 евра.
Што се однесува до цените на храната на оваа плажа, хамбургер изнесува 4 евра, клуб-сендвич 7 евра, грчка салата 7,5 евра, а порција гиро 8,5 евра.
„Ова се претсезонски цени, ќе ги зголемат за неколку денови“, навел некој член во групата.
„Зборував со сопственикот, цените во текот на сезоната ќе останат исти“, објаснил авторот на фотографијата.
Една туристка напишала дека со храна и пијалак ти следува и лежалка на плажа.

„Па ова е сè на крајбрежјето под чадор. Не е на улица. Коректно“, додал трет член во групата.
Туристите разменувале и цени од секојдневните намирници во ова популарно летувалиште, па така еден член од групата напишал дека доматите се 1 евро исто колку и краставиците и морковите, лимонот, јагодите и пиперките.
Јаболката се 1,60 евра, а компирот 1,29 евра. Лукот се продава по цена од 0,50 евра, додека пак оризот е 1,40 евра