УХМР информира дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон Македонија.

Според нив, се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, како и Кумановскиот регион.

Проследена е со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Земјава и денеска е во портокалова фаза. Максималните температури до 42 степена, УВ индексот 10. УХМР со предупредување, во северните делови и во скопската котлина попладнево ќе има услови за невреме- со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град.

Инаку, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија. Фреквенцијата на возила е зголемена на граничните премини „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“ каде што за влез во државава се чека околу еден час.