Рускиот астролог Павел Глоба, кој е познат по своите астролошки прогнози, објави кои знаци ќе имаат среќа во месец август.
Тој посочи дека три знаци ќе уживаат во изобилство во наредниот месец и проверете дали сте меѓу нив.
РАК
Претставниците на овој знак ќе уживаат во вниманието на другите, а може да очекуваат и низа добри настани – унапредување на работа, скок во инспирација и мотивација, успех во љубовната сфера.
Ова ќе им даде сила на Раковите, ќе ги натера да веруваат во себе и да започнат нови проекти, пишува порталот Progorod33.ru.
ДЕВИЦА
Во август сите врати ќе ви бидат отворени. Вашите достигнувања ќе бидат високо ценети на работа, а дома ќе ви бидат благодарни за грижата и вниманието и способноста да ви се оддолжат на вистински начин.
Ќе успеете да најдете рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, а ќе најдете и време да работите на себе и саморазвивањето.
ВАГА
Ваќе во август ќе се соочи со сериозен избор од кој зависи многу во нивните животи – решавање на финансиските проблеми, напредок на работа, создавање семејство…
Ѕвездите велат да не се грижите и дека ќе го изберете вистинскиот пат. Исто така, ова е месец во кој ќе пукате од енергија и во кој ќе имате сила да спроведете се што ќе посакате.
