Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов повторно на Фејсбук. Овој пат со објаснување дека и покрај тоа што неговите родители се стечајни работници, сепак успеал во животот.
За “левичарите” и дежурните мрзачи во македонското општество:
Татко ми е стечаен работник од 1992 година од ГП Гранит. Мајка ми е стечајна работничка од 1994 од ГП Дримкол. Двајцата беа градежни инженери.
И да. И јас завршив факулетет како дете на стечајни работници. И никогаш никого не обвинив за ништо во својот живот. Не кукав како вас, отворив своја адвокатска канцеларија уште во 1999 година. Почнав сам. Во 8м2 (под кирија). Паѓав, не плачев. Станував. Посилен, појак, поискусен. И никогаш не мразев никого.
Успехот никогаш не е случајност. Неуспехот уште помалку. Погледнете се себе си, изанализирајте си ги грешките и можеби (ако сте самокритични) поубаво (пред се’ ментално) ќе живеете !!!
И да !!! Најлесно е да ги обвинуваш другите за сопствените грешки и неуспеси …

