Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека ако на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му пречи ДУИ да биде дел од власта, тогаш ќе се повлечат од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.

„Ако ви пречи ДУИ во раководењето со државата, тогаш гласајте за уставните измени, ДУИ ќе се повлече од Владата“, рече Ахмети.

Вели дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.

„Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на граѓаните, отколку да ја зачлениме земјата во Европската унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година“, рече Ахмети.
ВМРО-ДПМНЕ и натаму е против внесувањето на Бугарите во Уставот. Mицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е во водство и бара избори.