30.11.2012., Karlovac - Otvorenju Super Konzuma je nazocio gradonacelnik Karlovca Damir Jelic te brojni visoki gradski duznosnici. Organizirane su brojne akcije i nagradne igre za kupce. Photo: Kristina Stedul Fabac/PIXSELL

Во кратката обиколка што ја направи екипата на „Фактор“ по маркетите во Скопје, може да се заклучи дека голем дел од граѓаните, пазарењето за новогодишната ноќ го оставија за во „пет до 12“. Во некои од маркетите владее вистински хаос и турканици. Се купуваат сувомеснати, алкохолни пијалоци, новогодишни пакетчиња и други производи.

Во некои од маркетите дури се чувствуваше новогодишната атмосфера. Вработените имаа пуштено гласна музика, а беа облечени во новогодишни парчиња облека, со новогодишни венчиња на главите.

Една од вработените кратко ни изјави дека „ако морам да работам денес, бар да се забавувам. Со оглед на тоа што ќе работам до попладневните часови, бар на купувачите ќе им биде интересно, бидејќи ги познавам и заедно ќе поминеме мал дел од времето заедно“, изјави вработена во еден маркет.

Граѓаните пак велат дека излегле да пазарат тоа што заборавиле.

„Морав да излезам да пазарам тоа што изумив вчера“ вели Славица.

На прашањето како би пазарела доколку денешниот ден беше неработен, таа со насмевка изјави дека немало да купува ништо./Faktor