Многу студени ноќи и утра сведочат дека сме зачекориле во есен.
Есента започна, а времето е како средината на летото.
Евидентирани се големи амплитуди, односно температурни разлики помеѓу денот и утрото,
Пред нас е ведра и кул ноќ, благодарение на безоблачното небо и зголемената циркулација на воздухот. Во повеќе области минималната температура ќе се спушти под 10 степени, додека потопло се очекува во Скопје, температурата нема да се спушти под 16 степени.
Благодарение на јужниот тек и вторник ќе биде многу топол со температури до 28-29°С. По ведро утро во текот на денот ќе следи облачност и тоа ќе биде увертира за влошување на времето.
Во вечерните часови на југозапад, а во текот на ноќта во среда и во другите делови се очекуваат врнежи од дожд и грмежи.
Во среда малку посвежо, а во четврток повторно потопло.
Врв на топлото време се очекува во петок, а температурата на места ќе надмине 30 степени.
Многу топло и во сабота, но со облаци.
Во ноќта кон недела и во недела ќе следи продор на студен фронт со засилен северозападен ветер и позабележителен пад на температурата , со врнежи од дожд и грмежи.
Вториот ден од викендот ќе биде значително постудено, а на почетокот на следната недела температурите ќе се спуштат до 15 степени, но врнежите ќе престанат.
Така, благодарение на поларната пенетрација од север, температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени.
Околу 1 октомври се очекува да биде свежо и суво.
Почетокот на октомври ќе донесе стабилно и сончево време, со пораст на температурите. Утрото ќе биде студено и магливо, а во текот на денот температурата ќе се движи околу 25 степени.
Просечната максимална температура за крајот на септември е од 20 до 25 степени и тие утре и петок ќе бидат повисоки за пет степени, така што самиот крај на септември ќе донесе температури за 5 до 7 степени пониски од споменатиот просек, а почетокот на Октомври ќе донесе температури усогласени со календарски, потоа надпросечни.
