Претседателот на САД, Доналд Трамп на својот Твитер изјави дека денеска во 18.30 часот по локално време, ќе ја напушти болницата Валтер Рид.
„Ќе ја напуштам одличната Валтер Рид болница денеска во 18.30 часот. Се чувствувам многу добро! Не се плашете од ковид. Не дозволувајте да ви го доминира животот. Под администрацијата на Трамп развивме многу добри лекови и знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години!“, напиша Трамп.
Kurir.mk

