Иако нејзината венчаница беше олицетворение на луксуз и гламур, денес многумина би рекле дека таков модел изгледа „како од бугарска свадба“ и остава впечаток на евтин кич.
Пред точно 20 години, на 22 јануари 2005 година, во гламурозниот Палм Бич, Флорида, словенечката манекенка Меланија Кнаус му го кажа судбоносното „да“ на бизнисменот Доналд Трамп, на една од најлуксузните свадби во тоа време. Сепак, иако нејзината венчаница беше олицетворение на луксуз и гламур, денес многумина би рекле дека таков модел изгледа „како од бугарска свадба“ и остава впечаток на евтин кич.
Восхитувачка венчаница (и 30 килограми)
Венчаницата на Меланија, дело на тогашниот креативен директор на Диор, Џон Галијано, е инспирирана од стилот на австроунгарската царица Сиси и за изработка биле потребни повеќе од 1.000 часа. Тежок речиси 30 килограми, фустанот бил украсен со слоеви од сатен, бисери и дијаманти, додека Меланија поради големината морала да седи на специјално направена клупа за време на церемонијата.
Меѓутоа, она што во тоа време изгледаше како „венчаница од бајките“, денес многу модни критичари ја сметаат за претерано екстравагантна и старомодна. Манекенката која некогаш ја красеше насловната страница на престижното списание „Вог“, сега со промената на модните стандарди се повеќе се нарекува претерано кич и застарена.
Животот „како од бајка“
Венчаницата на Меланија не беше единствениот симбол на луксуз таа вечер. На гламурозната церемонија, на која присуствуваа бројни познати личности, таа блесна како принцеза. Вереничкиот прстен со кој Доналд Трамп ја запроси само на Мет Гала во 2004 година чинеше 2 милиони долари, додека Меланија на настанот носеше елегантен црн фустан кој навестуваше за нејзината идна улога на дама од високото општество.
Во интервјуто со Лери Кинг, веднаш по венчавката, Меланија коментираше за нејзиниот голем ден: „Беше фантастично, навистина како од бајките. Се разубавивме!“ Сепак, љубовната приказна остана во сенка на контроверзните изјави на нејзиниот сопруг. Кога Кинг прашал за плановите за меден месец, Доналд Трамп одговорил: „Зошто би го напуштиле нашиот прекрасен дом, Мар-а-Лаго, и да одиме на некој тропски остров каде работите не се чисти или нешто слично?
„Нема ништо како добар брак“
Иако Трамп е 24 години постар од Меланија, парот набрзо го доби синот Барон. Нивниот однос, според изјавите на Трамп, бил практичен: „Нема ништо подобро од добар брак и деца. Но, знаете, нема да менувам пелени или да правам храна. Можеби нема ни да ги гледам многу често, искрено. Меланија ќе биде неверојатна мајка, а јас ќе бидам добар татко – но ќе се посветам на мојата работа“.
Камила, Кејт Мидлтон, Меланија Трамп, кралицата Елизабета
фото: Profimedia
Оваа контроверзна изјава тогаш предизвика лавина од коментари, но Меланија со насмевка се всели во Белата куќа, прво како прва дама на Америка, а потоа и како сопруга на Доналд Трамп за време на неговиот политички камбек.

