Меланија Трамп за време на бременоста изгледаше сензационално, а овие фотографии го докажуваат тоа
Меланија Трамп едноставно никогаш не ја имала својата „ дебела фаза “, дури и кога била бремена. Нејзината моделска линија беше секогаш видлива, а гордиот сопруг Доналд Трамп секогаш се фалеше со убавината на својата сопруга.
Само една година по венчавката, парот го очекуваше своето прво дете. Меланија имаше 35 години, додека Доналд 60.
Додека ова беше прво дете на Меланија, Доналд Трамп веќе имаше четири деца од неговите две поранешни сопруги: Ивана и Марла .
„Тој дојде дома (еден ден минатиот август) и му реков дека ќе стане татко“, вели Меланија, смеејќи се „И неговата реакција беше … на почетокот мораше да ја прифати. Беше вистинско изненадување. И тогаш беше многу среќен“.
Доналд тогаш изјавил дека очекува да има деца, но бил изненаден кога тоа се случило само една година по венчавката.
Кога добиле син, двојката го нарекла Барон, а момчето било добредојдено како крал. Специјално за него е реконструирана голем дел од кулата Трамп, која до ден денес останува омиленото место на најмладиот син на Доналд и Меланија Трамп.

