Пита со сирење од соништата – крцкава однадвор, мека и сочна одвнатре

Питата со сирење секогаш ни е при рака кога немаме време, па ја купуваме од најблиската пекара. Сепак, домашната скрцкава пита со сирење по посебен рецепт е нешто што веднаш ќе ви се допадне.

Состојки за домашна скрцкава пита со сирење:

  • 1 пакување кори за пита

  • 300 г дробено сирење

  • 300 мл јогурт

  • 1 јајце

  • малку масло

  • малку сусам

Подготовка на домашна крцкава пита со сирење:

Раширете една кора и намачкајте ја со масло, потоа ставете втора кора врз неа. На еден крај по ширина ставете неколку лажици сирење и завиткајте во ролна. Повторете го процесот додека не се потрошат сите состојки и наредете ги ролните во подмачкан плех.

Во еден сад ставете јогурт, до три лажици масло и жолчка од јајце, па изматете. Со оваа смеса прелијте ја питата и по желба наросете сусам одозгора.

Печете околу 15 минути на 200 степени, па потоа уште околу половина час на 180 степени, сè додека питата не добие убава златна боја.

Кога ќе биде готова, исечете ја на сакани парчиња и послужете со чаша јогурт или чинија со сувомеснати производи.

Домашната скрцкава пита со сирење е готова.

На здравје!