Чарли Кирк бил погоден во вратот со еден истрел.
Во потрагата по убиецот на соработникот на Трамп, Чарли Кирк, пронајдено е оружје кое содржело муниција со врежани пораки за „трансродна и антифашистичка идеологија“, според првичните извештаи на извори од истражните органи, објави „Њујорк пост“.
Оружјето – увезен „Маузер“ калибар .30-06 со затворач – било откриено завиткано во пешкир во шумско подрачје по убиството на Кирк, кој бил застрелан со еден куршум додека во средата држел говор на Универзитетот Јута Вали.
Извор запознаен со случајот изјавил дека Министерството за правда ги испитува описите наведени во дописот на ATF, но агенцијата не можела да потврди дали описот целосно одговара на доказите пронајдени на местото на злосторството.
Чарли Кирк (31) бил погоден во вратот со еден истрел испукан од оддалеченост од околу 180 метри, додека одговарал на прашање од публика за масовните пукања извршени од трансродни лица.
Изворите велат дека смртоносниот куршум бил од калибар со голема моќност – сличен на оној што се користи кај снајперски пушки со долг дострел или за лов на крупен дивеч.
Татко на две деца и основач на организацијата Turning Point USA бил пренесен во блиската болница, каде подоцна бил прогласен за мртов.
