Граѓаните во Струмица дефинитивно имаат причини за загриженост, бидејќи во таа општина само во последното деноноќие имаше нови 30 заболени и со тоа бројката достигна 334 лица. Тетово со 27 и Кумамово со 21 нови случаи, исто така имаат висок број заболеми, но и висок пораст на заразата.

А од скопските општини, пак, најмногу загрижува Аеродром, каде бројот на новозаболени се искаќи вчера на 456 новозаболеи, наспроти 429 во претходниот ден.

Следуваат Центар со 394 и Карпош со 392, кои практично се доближуваат до Аеродром или како „да му дишат во врат“ според бројот на заболени.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во последните 24 часа се направени 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5.

Институтот за јавно здравје регистрирал 191 оздравени пациенти од: Скопје-85, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-10, Битола-4, Кавадарци-7, Гостивар-5, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-21, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.

Во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22607, бројката на оздравени пациенти е 16949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4837.