Разговорот меѓу Путин и Орбан се одвивал со големи тешкотии.
Унгарските медиуми открија нови детали од неодамнешната средба помеѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин.
Според унгарскиот портал Telex, преведувачката на Орбан ги пренела точно само воведните и завршните реченици – но во главниот дел од средбата, каде биле изнесени најосетливите изјави, таа дала сосема различни значења.
Telex објави неколку од најголемите грешки:
Што рекол Путин:
„Долго време се познаваме. Знам дека во својата работа секогаш ги имате предвид интересите на Унгарија и унгарскиот народ.“
Што слушнал Орбан:
„Драго ми е што нè посетивте. Се надевам дека сега можеме да разговараме за идните можности за соработка и да напредуваме.“
Што рекол Путин:
„Русија го цени вашиот избалансиран став за прашањата поврзани со Украина.“
Што слушнал Орбан:
„И знам дека меѓународната политика, секако, има влијание и врз вас.“
Путин:
„Но постои атмосфера меѓу нас што ни овозможува отворено да разговараме за секое прашање.“
Орбан слушнал:
„Значи, ние соработуваме и продолжуваме да ја развиваме соработката во сите можни сектори.“
Оригиналот на Путин:
„Тоа ни овозможува не само да разговараме, туку и да наоѓаме решенија за сите проблеми.“
Орбанова верзија:
„Ние не само што разговараме, туку навистина ги спроведуваме во дело сите ветувања.“
Путин повторно:
„Свесни сме за вашето избалансирано гледиште за проблемите поврзани со Украина.“
Орбан слушнал:
„И знам дека меѓународната политика, се разбира, има влијание и врз вас.“
Telex пренесува дека контактирале со унгарското Mинистерство за надворешни работи, Kанцеларијата на премиерот и Владината информативна служба со прашања околу изборот на преведувачи и нивните квалификации, но до моментот немале одговор.
