Силниот ветер ќе биде најизразен во текот на ноќта и утринските часови, со повремени олујни удари.
Според најавите на метеоролозите, во текот на ноќта и утре наутро низ Македонија ќе дува силен јужен и југоисточен ветер, особено во Повардарието и повисоките предели.
На одделни локации се очекуваат силни налети на ветер, кои можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот, како и штети на лесни конструкции и дрвја. Надлежните апелираат на внимателност, особено при движење на отворено.
Во текот на денот, ветерот постепено ќе слабее, но според прогнозите, се очекува кон средината на неделата, кога ветерот повторно ќе засили.
Времето ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Попладне и навечер, особено во западните и југозападните делови од земјата, можно е локално појава на дожд, а на повисоките планински места дождот може да премине во снег.
Температурите ќе бидат релативно благи за овој период од годината и ќе се движат од околу 3 степени наутро, до 15 степени преку ден, со најтопло време во јужните и централните делови од земјата.
Граѓаните се советуваат да внимаваат на силните удари на ветер и да ги следат редовните метео-известувања.
