Маслинките се богати со витамини и минерали и би било добро што почесто да се најдат на вашата трпеза.

Сите знаеме дека маслиновото масло е здраво, но ниту плодот на маслината не заостанува по своите здравствени придобивки. Според грчката митологија, маслинките биле нарекувани храна на боговите.

Маслинките се богати со железо, витамини Е и А, натриум, калциум и растителни влакна. Исто така, содржат здрави масти познати како Омега-9, кои го зголемуваат нивото на добриот холестерол (HDL).

Тие содржат и антиоксиданси, полифеноли и флавоноиди, кои имаат противвоспалително дејство.

Еве за што сè се добри маслинките и како влијаат врз здравјето на организмот

Го подобруваат паметењето

Маслинките содржат полифеноли – супстанции кои го намалуваат оксидативниот стрес во мозокот. Бројни истражувања спроведени во САД покажуваат дека секојдневното консумирање маслинки може да го подобри паметењето и до 25 проценти.

Даваат енергија

Една чаша маслинки содржи околу 4,4 мг железо. Железото помага во синтезата на карнитин – аминокиселина која ги претвора мастите во енергија. Дополнително, железото го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Поттикнуваат внес на здрави масти

Маслинките главно се состојат од здрави масти, од кои околу 74 проценти се специфична маст наречена олеинска киселина. Олеинската киселина е мононезаситена маст и е познато дека помага во намалување на воспаленијата. Поголемиот внес на овие здрави масти може значително да придонесе за општото здравје.

Обезбедуваат доволна количина влакна

Еден од специфичните ефекти на консумирањето маслинки е нивната содржина на диететски влакна, поради што особено се препорачуваат за лица кои имаат проблеми со запек.

Го чуваат срцето

Маслинките се меѓу најдобрите намирници за здравјето на срцето, благодарение на високиот удел на мононезаситени масти. Овие масти можат да помогнат во намалување на лошиот холестерол (LDL) и зголемување на добриот холестерол (HDL), што придонесува за подобро срцево здравје.

Ги штитат очите

Во една чаша маслинки се наоѓа препорачаната дневна доза витамин А, кој е неопходен за зачувување на здравјето на очите и подобар вид, особено ноќниот вид. Маслинките штитат од појава на глауком, катаракта и други очни заболувања што се јавуваат со стареењето.