Спасен Сиљаноски си ја отвори душата и искрено проговори за најтешкиот период од својот живот.

Во новото издание на емисијата „Кафе муабети“, познатиот македонски пејач откри дека пораснал во средина каде што семејството буквално се борело за секој оброк.

„Немавме за леб“, рече тој, откривајќи го моментот кога, по завршувањето на гимназијата, планирал да се запише на факултет, но истовремено татко му бил отпуштен од работа.

Денес, Сиљаноски е еден од најпознатите и најангажираните домашни интерпретатори на народна музика. Среќно е оженет и има две деца, син и ќерка, а неговата приказна е инспирација за многумина.