Во Бугарија во изминатите 24 часа се потврдени 1,589 нови случаи на коронавирусот, нешто помалку од претходниот ден кога беа регистрирани 1,595 новозаразени.
Само во текот на последните 24 часа, како последица на коронавирусот починаа 13 лица, а бројот на активни случаи се искачи на 17,340. Од почетокот на пандемијата заразени се 36,519 лица, од кои починаа 1,077.
Тројца бугарски министри, покрај премиерот Бојко Борисов се во изолација затоа што биле во контакт со лице позитивно на коронавирусот.
Покрај Борисов, во изолација ќе бидат министрите за финансии Кирил Ананиев, за градежништво Петја Аврамова и земјоделство Десислава Танева.
