Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со статус на Фејсбук побара од Владата, од министерот за здравство Венко Филипче и од Комисијата за заразни болести хронично болните да се ослободат од работа.

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања.

Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.

Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност“, напиша Мицкоски.