Терапијата која во октомври му беше давана на американскиот претсдател Доналд Трамп, кој беше позитивен на Ковид-19, е одобрена за употреба во итни случаи од страна на регулаторното тело.

Терапијата содржи коктел од монокланални антитела, кои го емитираат природниот одговор на имуниот систем против Ковид.
Употребата на терапијата за итни случаи ќе се користи на возразни и на деца над 12 години со благи до умерени симптоми, и кај кои постои голем ризик болеста да прогресира и да треба хоситализација.

Експерименталната тераптија не е одобрана кај пациенти кои што се веќе хоспитализирани или кои се на кислородна поддршка.

Според податоците од тестовите, терапијата го намалува количеството на вирус во телото и може да го забрза закрепнувањето, објавува „Регенерон“, од каде истакнуваат дека има доволно дози од терапијата за 80 илјади лица до крајот на месецов.