Во време кога Бугарија ги стопира најголемите соништа на Македонија за влез во Европска Унија и кога го оспорува нашиот јазик и нашиот идентитет, добро е да се потсетиме, што мислат за Македонија и македонскиот јазик, светските лидери, како на пример, Путин?
Да се потсетиме на состанокот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов и претседателот на Русија Владимир Путин. Видеото е објавено на 24 мај, денот кој го слави цела Македонија. Денот на сесловенските просветители, св. Кирил и Методиј.
На состанокот, како што можеме да видиме Владимир Путин во еден момент вели “Денес е свечен ден во Русија за словенското писмо”, за после неколку секунди да додаде “Пишувањето кај нас дојде од земјата Македонија”:
